Центар за култура „Григор Прличев“

Од 04.03.2022 - 20:00 до 04.03.2022 - 21:30

Пред шест години, на “керал” сцената во Народен Театар Охрид се роди шоу, чија цел беше преку импровизација да ја демифистицира магијата на создавање театарски игри и да ја доближи театарската уметност поблиску до публиката.

Шоуто, заради својата оригиналност, непосредност и забава веднаш беше прифатено од публиката и веќе шест години редовно се изведува, а тоа што го прави да биде секогаш различно е самата публика, која активно преку свои предлози ја креира содржината на игрите.

Среќни сме да објавиме дека најпопуларното шоу меѓу политичарите слави шест години. Шест години импровизираме и ја демистифицираме магијата на создавање театарски игри заедно со Вас. – велат охридските импровокатори.

Актерите од Охридскиот Театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ве канат на уште една нова Импровокација со роденденски шмек, во петок, 4 март во 20:00 часот, на малата сцена на Народен Театар Охрид.

Ве каниме на уште една незаборавна, спонтана, забавна и смешна „Импровокација“, порачуваат актерите.

Картите се веќе пуштени во продажба, а резервација може да се направи и бројот 075283066. Истите се  по цена од 250 денари. Настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од Ковид-19.

OhridNews