Шестиот ден во одбројувањето до почетокот на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе го посветиме за организираторот Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ и за потсетување дека крајниот рок за пријавување за учество на најголемата спортска манифестација во Охрид е понеделник до 23 часот, 59 минути и 59 секунди.
Асоцијацијата на спортови може да се пофали со неколку успешни проекти како Олимпискиот ден организиран пред неколку години во ОУ Христо Узунов, Спортско едукативниот камп кој се одржува на лето и зимскиот кој годинава имаше премиерно издание, најголемата спортска манифестација „Охрид трчаТ“ и триатлонот за кој допрва ќе пишуваме и објавуваме информации. Асоцијацијата од своето формирање дефинитивно го промени начинот на размислување за и околу спортот на сите чинители и донесе едно професионални ниво, кое допрва ќе надградува.
Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ секој заинтересиран може да го направи на официјална интернет страна Ohridtrcat.mk најдоцна до понеделник на полноќ. Стартните пакети ќе се доделувааат в сабота дена пред долгоочекуваниот спортски настан во Охрид.
OhridNews