Претстaвници на шест армии од регионот пристигнаа во Охрид каде денеска ќе земат учество на Првиот воен атлетски маратон што ќе се одржи во склоп на традиционалниот Охридски атлетски маратон.


Тие вчера продефилираа низ центарот на Охрид предводени од воениот оркестар на АРМ, привлекувајќи го вниманието на граѓаните.


Војници од   БиХ, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Македонија ќе земат учество на првиот воен маратон чие мото е „ Спорт за сите мир и стабилност преку спорт“. Нив на свеченоста што се одржа на плоштадот во центарот на градот ги поздрави заменик началникот на ГШ АРМ, генерал Насер Сеиди, кој истакна дека преку спортот армиите се доближуваат до  граѓаните промовирајќи ја така заложбата за мир.


Генерал Насер Сеиди

Воените маратонци ќе се натпреваруваат заедно со спортистите од регионот на 33 километри долгата патека од Св. Наум до Охрид.


Започнува првиот воен атлетски маратон Охрид 2008

Ohridnews