Групата „Urban Minds“, во која членуваат Горан Гулески и Наум Размоски, кои исто така се дел групата „SLENG“ која настапи на изборот на песна за Евровизија, деновиве во продажба го пушти нивниот прв албум „Шеснајсет и пол и четврт синџир со нож во ноќта“.
Албумот е изработен во “Sustain“ студиото на Даниел Јовески и има 18 композиции. Како гости се појавуваат раперот Кербер и други.
Првенчето на „Urban Minds“, е во продажба во „ZZ TOP’ по цена од 150 денари, а заедно со ЦД-то следува тетратче со текстови од песните. Наскоро следи и официјална промоција на албумот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com