59-годишен пациент е шеснаесетата жртва на новиот гип во Македонија. Тој починал во изминатото деноноќие од компликации на бронхопневмонија на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката на 19 декември со симптоми на грип (студ, треска, стегање во градите и тешко дишење). Веднаш му е дадена соодветна антивирална терапија и ставен е на респиратор. По три дена дошло до нагло влошување на состојбата и констатирана е смрт вчера доцна попладне. Пациентот претходно боледувал од белодробно заболување, дијабетес и од ревматоиден артритис, информираат од Министерството за здравство.

Ohridnews