Шеснаесет повредени во пожарот во Кочани заминуваат на домашно лекување, а се очекува враќање неделава на пациенти кои се лекуваат надвор од државата соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство, Арбен Таравари.
Добра вест е дека испишуваме 16 пациенти, по сите направени анализи. Тие дома ќе продолжат да се лекуваат, а 30 ќе останат во болниците во Скопје. Се подготвуваме за прием на пациентите што се лекуваат надвор од држвата. Надвор од Македонија се лекуваат 115 пациенти. Неделава очекуваме 8 пациенти од странство да се вратат, па да бидат примени прво на клиниките кај нас, тријажата ќе се направи од клиниката каде што е примен пациентот, па потоа ќе се испрати на Клиника каде што треба да се лекува. Сигурно минималниот престој ќе биде ден-два, за проверки, па потоа да бидат пуштени дома. Нема да оставиме ништо на случајноста. Во моментов 4 пациенти се во покритична состојба од тие што се лекуваат надвор од држвата. Да се надеваме дека нивната состојба ќе се подобри, рече Таравари.
Во моментов во Скопје се лекуваат 46 пациенти, од кои 26 се во Клиничкиот центар, 3 се на КАРИЛ, 6 на Пластична хирургија, 11 на Токсикологија, 2 на Пулмологија, 2 на Детска хирургија, по еден пацоент на Тораклана хирургија и Офталмологија. Десет паценти се лекуват во ГОБ „8-ми Септември“ и во Градска општа болница-хируршки клиники уште 10 пациенти.
Таравари посочи дека пациентите се во фаза каде постои можност од појава на инфекции кои се јавувале често кај пациенти со изгореници од втор и трет степен.
Се надевам дека барем половина од пациентите кои се лекуваат надвор од држвата за две недели ќе се вратат. Кај некои се прави и други оперативни зафати, на кожата и се што треба и во Македонија што се лекуваат и надвор. И веќе зборуваме за фаза на третман и рехабилитација на пациентите. Тим од пластични хирурзи деновиве заминува во Кочани и во Штип за да провери какви ќе бидат потребите на тие јавно-здравствени установи. Целта е доктори од Скопје да им излезат во пресрет на потребите на пациентите во нивните градови. На некои пациенти за рехабилитација ќе им бидат потребни 2 недели, а на други месеци, рече Таравари.
Затоа и, посочи, ќе размислуваме за опцијата на 10-20 пациенти на кои ќе им биде потребно подолгорочно лекување, кои се можните опции.
Н.С.Ј.