Денеска се навршуваат 16 години од смртта на Влатко Пантовски – DJ Panter и Наумче Аврамоски – DJ Bruce.
Нивните семејства, пријателите, познаниците и охридската медиумска заедница не дозволија годиниве наназад да избледи споменот на своите пријатели, сограѓани и колеги. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа.
Пантовски и Аврамоски ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24-ти септември 2008 година, околу 21:00 часот во близина на планинскиот превој „Буково“.
OhridNews