Организаторите на конкурсот за најдобрата работа на светот- чувари на австралиски остров во големиот корален гребен, соопштија дека ги одбраа шеснаесетте финалисти од околу 35 000 кандидати.


Финалистите потекнуваат од 15 земји, а меѓу нив покрај останатите се и германска актерка, новинар од Канада, студент од Франција, британец кој работи во една хуманитарна организација и два кандидати од Австралија. Овој конкурс за чувари на рајскиот остров Хамилтон го организираше државата Квинсленд во програмата за промоција на туризмот.

За плата од 76 500 евра за шест месеци работа како чувар ќе имаат задача да уживаат во магијата на островот, да нурка, да едри, да го снима подводниот свет и  за сето тоа да поднесува извештај на интернет еднаш неделно. Финалистите ке отпатуваат на островот на почетокот на мај, а на 6-ти мај ќе биде соопштено името на победникот.