Актерката Шерон Стоун има ново момче. Една од најсексипилните жени во Холивуд е во врска со аргентинскиот манекен Мартин Мик, кој од неа е двојно помлад. Парот неодамна бил фотографиран на плажата Венис во Лос Анџелес.

Иако насекаде имало папараци, тие не се криеле, напротив, се држеле за раце, лежеле прегрнати еден покрај друг и се бакнувале. Шерон Стоун и новото момче се запознале минатиот месец, а дали станува збор за вистинска љубов или минлива авантура, ќе покаже времето.