Шерон Стоун е во врска со мулти милионерот Јохан Елијаш. Актерката и британскиот милионер со шведско потекло и претседател на корпорацијата за спортска опрема „Хед“, прв пат биле забележани пред два месеци кога заедно се појавиле на забава по доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес. Актерката отворено проговорила за нивната романтична врска и рекла дека иако врската е на почетокот, чувствувале големо меѓусебно почитување и восхитување, што било основен темел за можна љубов.
Шерон претходно се развела од вториот сопруг, и откако го изгубила старателството врз посвоениот син, посвоила два сина, Квин и Лаирда. Нa едниот од нив наводно сакала да му даде ињекции со ботокс во нозете поради неподносливата миризба, но подоцна изјавила дека целата приказна е измислена и дека никогаш на синот не сакала да му го стори тоа.