Американската актерка Шерон Стоун го искористила престојот во Рим да ги засука ракавите и да научи од вистинските мајстори како се прави традиционална италијанска пица. Актерката во Италија отпатувала со своите синови Квин и Лерд. Таа воопшто не се срамела да замеси тесто и да испече пици кои потоа самата ги сервирала во ресторанот “Ил Корало“.
Како што пренеле италијанските медиуми, на местото на настанот веднаш се нашле бројни папараци кои ја фотографирале познатата актерка како работи во кујната. Шерон Стоун за неколку дена би требало да почне да го снима својот нов филм „Атачмент“ во режија на Тони Кеј, во кој партнер ќе и биде Том Фелтон.