Холивудската актерка Шерон Стоун била видена во Калифорнија како разменува нежности со непознат млад човек. Иако има 53 години, таа изгледала подеднакво добро како жените кои се двојно помлади од неа.
Таа неодамна во Холивуд била видена како шета во кратко фустанче, сандали со високи потпетици и младо ново момче кое го надополнувало нејзиниот младешки изглед. Момчето со долга руса коса засега било непознато за американските медиуми, но извесно било дека се нешто повеќе од пријатели. Тие влегле во автомобилот и заминале во непознат правец.