Шерон Стоун почувствувала силни симптоми на мигрена на модната ревија на брендот „Фенди“ во Милано, која и претходела на забава во организација на “amfAR” фондацијата за истражување на сидата. Актерката се онесвестила и била одведена во локалната болница, но подоцна сепак успеала да се појави на забавата, во друштво на Мартин Мика. Нејзиниот престој на модната седмица во Милано бил бурен, но сепак со среќен крај.
Порпаролот на ѕвездата рекол дека чувствувала симптоми на мигрена и затоа ја одвеле во болницата. Лекарите ја прегледале и востановиле дека е здрава, па затоа одлучила да присуствува на забавата. Актерката се појавила на забавата носејќи елегантен црн фустан со деколте. Друштво и правело 27 години помладото момче Мартин Мика.