Иако тоа веќе добро го знаеме, но да не заборавиме, актерката Шерон Стоун упте еднаш не потсети колку добро изгледа. На насловната на списанието GQ оваа прекрасна русокоса позира во многу секси издание. Благодарение на чипкастото црно проѕирно боди и вртоглаво високите потпетици на дизајнерката Шарлот Олимпија, Шерон Стоун изгледа сензационално.

На изгледот можат да и позавидат и двојно помладите бидејќи оваа убавица повторно покажала како и во своите доцни пеесетти години од животот е една од најсексипилните жени на светот. Таа титула си ја осигура уште со улогата во филмот „Сирови страсти“ во 1992 година, но и денес, 22 години подоцна, сите се восхитуваат на нејзиниот сексипил и убавина.