Освен што е една од најубавите американски актерки, Шерон Стоун е и една од најпаметните, со коефициент на интелегенција од 154, што е далеку над холивудскиот и светскиот просек. Е токму таква улога ќе оствари во пилот серијата „Агент Икс“. Во првата главна улога во серија во кариерата, Шерон ќе ја игра Натали Мекаби, вдовица на аермикански сенатор која се качува на политичките скалила и станува првата жена потпретседател на САД. Но, во Белата куќа не е се баш онака како што замислувала. во време на криза и политички турбуленции, Натали мора да го штити уставот, во што сепак нема да биде осамена. Ќе и помага насловниот јунак, тајниот агент Икс (Џеф Хефнер), кој ќе го повика кога ќе биде киднапирана ќерката на директорот на ФБИ.

Во актерската екипа уште е и Џон Шеј, најпознат по улогата на негативецот Лекс Лутор во серијата за Супермен. Тој во серијата ќе го толкува ликот на претседателот Екарт. Сценариото го потпишува уште едно познато холивудско име, Вилијам Бјелк Херон, кој го напишал заплетот за Дејмоновата верзија на филмот „Борновиот идентитет“. Со изборот на овој проект Шерон потврдува дека се повеќе добри приказни се наоѓаат на телевизија. ова за неа е релативно ново поле. Ја гледавме во улоги на гостин во популарни серии како „Вил и Грејс“ и драмата “Ред и закон: Единица за специјални жртви“, но никогаш досега не ја „носела“ приказната на малите екрани