Шерон Стоун демантирала дека е во врска со актерот Антонио Бандерас и дека е причина за неговиот развод со Мелани Грифит, пренесуваат американските медиуми. Бандерас и Мелани Грифит на почетокот на јуни соопштиле дека се разведуваат, а американските таблоиди пишуваа дека Шерон и Антонио флертувале на фимскиот фестивал во Кан и дека ја држат својата врска во тајност како не би ја повредиле Мелани.
Шерон рекла дека тие и се како семејство. Антонио и бил како брат, додека Мелани секогаш била покрај неа и ги чувала нејзините деца. Меѓутоа, Шерон не е единствената која демантирала гласини за врската со Антонио Бандерас. Тоа го сторила и индиската актерка Малика Шерават, за која се зборувало дека пред две години имала романтична афера со актерот.