Актерката Шерон Стоун морала да се бори за внимание на црвениот тепих со некои од најубавите актерки на денешнината. Меѓутоа, таа успеала да „го украде шоуто“ на свечената премиера на филмот “Behind the Candleabra”, откривајќи ја фигурата на која би и позавиделе жени двојно помлади од неа. Актерката се појавила во индиго син фустан од дизајнерот Роберто Кавали со светликави бисери и вртоглаво длабоко деколте. Околу вратот носела огрлица од дијаманти и смарагди.
На црвениот тепих и се придружил Мајкл Даглас кој ја толкува главната улога во филмот “Behind the Candelabra”. Тие двајца го запалиле Кан пред 21 година гога дошле да го претстават еротксиот трилер „Ниски страсти“. Истата ноќ, по проекцијата на филмот, Шерон одлучила да облече уште поотворен фустан, за настан кој го организрала компанијата “De Grisogono”, а подоцна и за забава на јахтата на Роберто Кавали.