Преубавата Шерил Кол имала помала улога во еден филм која својата премиера ја имал на филмскиот фествал во Кан.

Се појавила на црвениот тепих во блескав фустан со необичен крој и ги засенила сите останати колешки.

Прекрасниот фустан со кој прошетала на црвениот тепих бил дизајниран од Стефан Роланд.

На убавите жени обично успехот не им се простува, па просто е неверојатно што Шерил Кол не добила ниту еден негативен коментар на своја сметка.

Исто така имала и трпение долго да им позира на фотографите, да се поздравува со фановите, да дава автограми и да ги исполни речиси сите желби на оние кои присуствувале на церемонијата на црвениот тепих.