Пејачката Шерил Кол наскоро би требало да се појави во својот прв филм, каде ќе игра рамо до рамо со Џенифер Лопез и Камерон Диаз. Напоредно се музичката кариера, Шерил сака да се испроба и во актерските води. таа ќе се појави во филмот “What To Expect When You’re Expecting”.


Сеуште не е познато каква улога ќе и припадне, но нејзиниот портпарол рекол дека нема да биде голема. Тој преку твитер објавил дека е потврдено како Шерил ќе има споредна улога во филмот “What To Expect When You’re Expecting”. Премиерата на филмот во САД е закажана за мај 2012 година.