Шерил Кол се омажила за французинот Жан-Бернард Фернандез-Версин после само три месеци врска. Како би ставила крај на шпекулациите, членот на жирито на Икс Фактор самата ја објавила среќната вест. Пејачката покрај фотографијата од венчалниот прстен напишала дека обично не го коментира својот приватен живот, но за да ги сопре шпекулациите, сакала да ги подели среќните вести. Таа и Жан-Бернард се венчале на 7 јули.

Церемонијата наводно се одржала на плажа на островот Мистик пред само четири сведоци. Парот се запознал на филмскиот фестивал во Кан, а наводно веќе месец дена живеат заедно во нејзиниот дом во Хертфордшир. Шерил додала дека многу се среќни и возбудени затоа што нивните животи ќе ги минат заедно.