Шерил Кол планира да се пресели во Калифорнија каде ќе ја продолжи својата кариера. Пејачката сака во САД да започне нов живот по примерот на Бекамови. Била воодушевена кога ги видела нивните фотографии од плажата на нивната изнајмена куќа во Малибу, па одлучила и таа да купи вила во која ќе живее додека се пробива во САД.

Пејачката сметала дека ги има сите квалитети кои и се потребни за да биде успешна на тие простори. Исто така сметала дека треба да продолжи со својата пејачка кариера и да не дозволи нејзините хитови да паднат во сенка на улогата која ја добила во музичкото шоу “The X factor”.