Некогашната членка на жирито на шоуто „Икс фактор“ Шерил Кол ги тужи продуцентите кои стојат зад таа емисија за 2,3 милиони долари, бидејќи не и биле исплатени хонорарите. Таа поднела тужба против продуцентската куќа „Блу Орбит“ откако не добила покана да биде член на жирито во втората сезона на „Икс фактор“.
Таа наводно потпишала договор според кој хонорарот за учество во две сезони од емисијата морал да и биде исплатен без оглед на тоа дали продуцентите ќе ја ангажираат во новата сезона или не. Според медиумите, Шерил примила хонорар од 1,8 милиони долари за првата сезона, но сега преку судот бара исплата на хонорарот од 2,3 милиони долари за втората година, а исто и да и се исплатат трошоците за нејзините и патувањата на нејзиниот тим.