Пејачката Шерил Кол изненадила многу гледачи кога гостувајќи во емисијата на Грахам Нортон на Би Би Си му порачала на британскиот принц Хари да и се јави. Музичката ѕвезда додала дека никако не би одбила негов повик, како и дека неодамна имала необичен сон за венчавка со него.
Ни принцот не бил рамнодушен кон пејачката, па често изјавувал дека е нејзин голем обожавател. После нејзиниот јавен повик, се очекува следниот потег на Хари. Пејачката во септември 2010 година се развела од фудбалерот Ешли Кол, а оттогаш неколку пати се обидувале да ја обноват романсата.