Шерил Кол не се грижи за оние кои работат за празниците и имаат малку слободно време. Пејачката побегнала од ладниот град на сончева плажа и на сите им посакала среќни празници. Покрај фотографиите поставени на нејзиниот Инстаграм профил напишала: „Мојот прв топол Божик. Се надевам дека сите имате убав бадник. Бакнежи!“.
Пејачката на фотографијата лежи на плажа во бикини со врзана коса на врвот од главата и со очила за сончање, и слободно може да се заклучи дека ужива. Таа уживала во коктел на плажата, а во ноќта претходно била на последниот настап на „JLS“, барем додека не се соберат повторно за нивната повратничка турнеја.