Пејачката и актерка Шер претрпела поблаг срцев удар и ги загрижила своите пријатели, кои мислат дека проблемите со снимањето на албумот, борбата на синот Елија со дрогата и ќерката која го менува полот оставиле психички последици кои предизвикале физичка реакција.

Шер секогаш била многу храбра и нејзиното здравје патело поради тоа. Се почнало пред неколку дена кога почувствувала силна болка во градите. Бидејќи не сакала да оди на лекар, синот најмил приватна медицинска сестра. Лекарот кој отишол во домашна посета рекол дека претерала со таблетите и лошата исхрана, изјавил близок пријател на пејачката.