На актерката Шенон Доерти ја следи имиџ на вистинска бунтовничка, а своето вистинско лице одлучила да го покаже во свое реално шоу. Така открила дека финансиската состојба не и е баш најдобра, иако е славна. Најнови неповолности направиле трошоците за раскошната венчавка за која актерката сака да облече скапа венчаница. Тоа ќе биде трет брак за актерката, а наводно не се променила ни малку, па и понатаму сакала да прави драми.

Поради нејзиното однесување блиските соработници сакаат да ја откажат соработката со неа, бидејќи не можела ниту да одлучи која венчаница ќе ја облече. Поточно, не можела да избере три специјални фустани за посебниот ден. Изгледа дека нејзините желби на је следат нејзината финансиска состојба, а нејзините големи планови можат да ја одведат до банкрот. Поради парична понуда се согласила да снима и реално шоу. Нејзиното семејство и пријателите се загрижени поради неа, и предупредиле дека доколку не ги промени животните навики ќе остане без ништо.