Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, Шенон Доерти која има 43 години е спремна да стане мајка. Американската актерка открила дека таа и нејзиниот сопруг, холивудскиот фотограф Курт Исваријенко, со кој е во брак речиси три години, планираат да посвојат дете.
Tаа рекла дека сакаат дете со сопругот и дека наскоро ќе му дадат дом на некое напуштено дете. Сигурна била дека нејзиниот сопруг ќе биде сјаен татко. Таа се пошегувала велејќи дека тој бил толку добар што за неа мислел дека е забавна, што според неа не била. Но, тоа е секогаш така во љубовта.