Кошаркарот на Кливленд, Шекил Онил би можел да биде последната спортска звезда во низата вмешани во сексуални скандали. Имено, Ванеса Лопез го овинила освојувачот на 4 прстени првак на НБА за сексуално вознемирување и веќе ангажирала адвокат специјализиран за такви случаи.


Адвокатот своевремено ја застапувал и Паула Џонс, жената која прва го обвини поранешниот американски претседател Бил Клинтон за сексуално вознемирување. Моментално ја застапува и Рејчел Учател, една од љубовниците на голферот Тајгер Вудс. Сопругата на Шекил веќе побарала развод, а следното сослушување е наредниот месец. Биле во брак седум години и имаат 4 деца.