Кошаркарот на Феникс Санс, Џекил О’Нил, му ја испратил на американскиот претседател Барак Обама патиката која ја носел на неделниот натпревар Ол Стар во Феникс.

На американскиот претседател, за време на неговата службена посета на Аризона, Шекил сакал лично да му го врачи сувенирот, откако се потпишал на него. Во тоа го спречиле обврските во неговиот клуб, па на претседателот патиката со бело-портокалова боја му ја предал Џејк Гордон, најмладиот син на градоначалникот на Феникс, Фил Гордон.

Зачудениот претседател ја спуштил патиката на подот за да ја спореди нејзината големина со големината на сопственото стапало.

Фотографите ја искористиле приликата за атрактивна фотографија, а Обама го кренал подарокот, и ставајќи го под пазувите, зачекорил кон своето возило.