Безалкохолните пијалаци треба да имаат предупредување дека шеќерот е зависност и дека е многу опасен за здравјето.


Пол Ван дер Велпен, шеф на здравствената служба во Амстердам, каде што е легална продажбата на канабис, сака шеќерот да биде цврсто регулиран.

– “Баш како и алкохолот и тутунот, шеќерот е зависност. Тоа е многу важно да го регулира владата. Луѓето можат да одговорат на употребата на шеќер, но корисниците мора да бидат свесни за неговите опасности” – напишал Пол на официјалниот сајт на здравствената служба.

Ван дер Велпен ги навел резултатите на едно истражување кое тврди дека шеќерот влијае на апетитот со создавање ненаситна желба да се продолжи со јадењето, и за сето тоа тој ја обвинува прехрамбената индустрија, поради тоа што користи шеќер за да ја зголеми продажбата на производот. Оние кои јадат шеќер секогаш чувствуваат глад, и кога не се гладни. Подеднакво е тешко да се ослободите од потребата за слатки како и од потребата за цигари.

Пол сака да ја ограничи количината на шеќер која треба да се додаде во храната. Тој сака на слатките и на негазираните пијалоци да се стави предупредување дека шеќерот е зависност и дека е лош по здравјето.Исто така тој предлага во училиштата веќе да не се продаваат колачи и негазирани пијалоци со што би се намалил бројот на дебели деца.