Лидерот на СДСМ, Радмила Шекеринска пред одржувањето на централнииот митинг во 5-та изборна единица на коалицијата „Сонце“ вечерва во Охрид, ќе ги посети општините Струга и Дебрца.
Радмила Шекеринска
Според агендата Шекеринска најпрвин ќе се сретне со стружани, на трибина во Центарот за култура. Лидерот на опозицијата веднаш потоа ќе оствари средба и со жителите на Дебрца, по што ќе говори на митингот во Охрид.
ohridnews