Повторно е ставен во функција Колекторот за заштита на Охридското Езеро. Санацијата која започна во декември минатата година со средства обезбедени од Владата која целосно ја презеде обврската за репарирање и одржување на системот е целосно завршена – информираше министерката за одбрана и носител на листата на пратеници на коалицијата предводена од СДСМ во 5 ИЕ Радмила Шекеринска, при работната посета во Охрид.
Од под тепих го извадивме прашањето старто 11 години. Покажевме решителност да го задржи Охрид статусот во УНЕСКО и демонстриравме решителност да вложуваме во заштитата на животната средина. – рече Шекеринска.
Шекеринска додаде дека ситуацијата во која се наоѓал Колекторот за заштита на Охридско Езеро била хаотична, со запуштен систем, затнат бетонски цевковод, со повеќе од 15 неисправни препумпни станици.
Решивме да дејствуваме, наместо да ги критикуваме нашите претходници. Во целост се покриени догловите во износ од седум милиони евра кон ЕВН. Државата целосно ги презеде гаранциите за неплатениот кредит од 280 милиони денари а дополнително обезбедивме 4,2 милиони евра за целосна саниција на Колекторот. – истакна Шекеринска.
Министерката за одбрана и носител на листaта на коалицијста предводена од СДСМ во 5 ИЕ работната средба во Охрид ја заокружи со посета на Хидробиолошкиот завод и охридската компанија „Жито Леб“.
OhridNews