Кандидат за премиер на Македонија на СДСМ е Радмила Шеќеринска“, соопшти лидерот на партијата Бранко Црвенковски, пренесува „Макфакс“.
 
„Господине Груевски од денес нема потреба да ја спасувате Македонија од Бранко Црвенковски. Јас нема да бидам дел од идната власт во оваа земја, не заради вас и вашите пусти желби, туку заради тоа што таков договор во СДСМ имавме уште од денот на моето враќање, затоа што ние сме одговорна партија. Затоа што сме свесни дека за новите предизвици со кои се соочува нашата земја треба да се спротивставиме со нов тим на луѓе. Ајде да ја спасиме и ослободиме Македонија од вас, господине Груевски и вашата преродба“, рече лидерот на СДСМ, Црвенковски, на  прославата по повод 20- годишнината од формирањето на партијата. 
 
Црвенковски соопшти дека трите имиња кои во следната влада ќе бидат најблиски соработници на Шекеринска се Зоран Заев, Зоран Јовановски и Стево Пендаровски.

Црвенковски: Немам веќе право на лични амбиции во политиката
        
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски на денешната прослава од 20 годишнината од постоењето на партијата рече дека повеќе нема право на лични амбиции во политиката.
 
„Ги вршев највисоките државни функции – Претседател и Премиер на Македонија. Има ли поголема чест и признание за еден човек. Јас повеќе право на лични амбиции во политиката немам, имам само обврска и долг кон овој народ и оваа држава. -изјави Црвенковски.

OhridNews
извор: „Макфакс“