Сто илјади евра е цифрата која Прва српска телевизија ја издвои за актерскиот пар Бергузар Корел и Халит Ергенц, познати како Шехерезада и Онур од серијата 1001 ноќ, за да дојдат во Белград и заедно со фановите да ја гледаат последната епизода.


Во таа сума се трошоците за сместување и сите луксузности за време на престојот, но и „цената“ за доаѓањето. Парите се дадени за претседателскиот апартман во Хајат, лимузина и обезбедување кое не дозволуваше да им се пријде, јавуваат белградски медиуми.

Како што објави Блиц, Бергузар и Халит по пристигнувањето во хотелот наздравиле со српска ракија од сливи по што нарачале традиционална српска закуска со домашен ајвар и кајмак.

OhridNews