„Р. Македонија, посветува особено внимание на професионалните стандарди и заштита на човековите права, а соработката на полицијата со граѓаните и воспоставениот независен надзор се клучни елементи за нивна имплементација“, истакна министерката за внатрешни работи на средбата на шефовите на полиции од регионот што денеска започна во Охрид. Според Јанкуловска од професионалниот развој на полицијата во регионот зависи ефикасноста на мерките за спречување и борба на преку граничниот организиран криминал и развивање на регионалните партнерства меѓу полицијата и заедниците.
Заменик директорот на јавна безбедност, Васви Доку информираше дека МВР има усвоено план за обука и едукација на припадниците на раководните кадри во полицијата, која има за цел подигнување на професионалните стандарди во работењето на полицијата.
За примена на највисоките стандарди во работењето на полицијата и почитување на човековите права во Охрид денеска ќе разговараат шефови на полиции на девет земји членки на СЕПКА-Асоцијација на шефови на полиции на земји од Југоисточна Европа. Целта на дводневниот состанок е размена на искуства околку примената на стандардите во полициското разботење.
Јанкуловска: Состојбата на Косово се следи:
Присуството на министерката за внатрешни, новинарите го искористија за повеќе актуелни прашања, какво што е тоа околу безбедносната состојба во регионот поврзана со Косово.
„МВР во соработка со другите безбедносни служби во континуитет ги следи случувањата на Косово и во Региониот и во зависност од безбедносните индикатори ние преземаме соодветни мерки. Непосредно пред 10 декември беа преземени сите мерки и активности за да бидеме соодветно подготвени за се што може да се случи на Косово. Практично се потврди дека немаше некоја опасност за Македонија но МРВ има обвска секогаш внимателно да ги следи состојбите и да биде подготвено соодветно да реагира“, рече Јанкуловска.
ohridnews