Шефот на белградската полиција Веселин Милиќ за РТС изјави дека момчето кое го изврши злосторството во ОУ „Владислав Рибникар“ во својата прва изјава, кога повикал полиција, рекол дека е „психопат кој треба да се смири“, јави дописникот на МИА од Белград.

Детето кое го изврши злосторството кога повика полиција рече дека пукал во луѓе на училиште и дека тој во таа изјава што е снимена, е психопат кој треба да се смири. Тој го кажа тоа кога се јавил на дежурниот работник на Командно-оперативниот центар, во првата изјава на неговиот телефонски повик да го пријави настанот, изјави Милиќ за РТС.

Тој исто така додаде дека К.К. (13) рече дека по извршувањето на делото го зафатиле страв и паника и чудно дишење и дека „правилно било да ѝ се јави на полицијата и да се пријави настанот“.

Милиќ потсети и дека слично злосторство никогаш претходно не се случило во Србија и оти се надева дека тоа никогаш нема да се повтори.

Не успеавме да го дознаеме мотивот, бидејќи К.К. е роден 2009 година, се работи за дете, дури ни малолетно. Не можевме да имаме сознание дека некое дете може да направи нешто вакво одвратно, вели Милиќ.

Откриле, во понатамошниот разговор дека самиот изјавил во присуство на Центарот за социјална работа и адвокат дека е игнориран од општеството и дека некако е исфрлен од комуникација, интеракција, сè што може едно дете да има, и дека тоа го навело преку некои мисли и постапки да го стори тоа.

Имаше и четири молотови коктели и два пиштоли. Според неговата изјава, тоа го направил сам и немал намера ни желба со тие молотови коктели да запали некое дете, туку, како што рече, да направи одбранбен ѕид на влезот во училиштето за да не дојде полицијата и да пружи помош, бидејќи би имале одредена пречка и барикада за да може да ја извади рамката од пиштолот и да ја спушти на под, истакна Милиќ.

Тој додаде дека не може да каже дали момчето било свесно дека нема да може да одговара за делото.

Ова злосторство носи толку многу планови, скици, неговиот начин на размислување што ги надминал игрите, кога тоа го планирал, како што рече во првата изјава на самото игралиште, пред еден месец или околу три недели потоа, да ги убие сите кои го нервираат и игнорираат, тој многу плански го замислил како и што. Самиот овој список е прашање за сите нас, што ќе се случеше да го постигнеше сето ова, праша Милиќ.

OhridNews