Фудбалерите на Шефилд Јунајтед прокнижија нов три бодови на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Арсенал со минимални 1-0 во последниот натпревар од деветтата рунда.
„Топчиите“, ја имаа иницијативата и неколку изгледни прилики но домаќините беа тие кои погодија во првиот дел и стигнаа до победата. Голот за победа го постигна Лус Мусет во 30-та минута од мечот.
Со трите бодови од средбата со Арсенал, Шефилд Јунајтед се искачија четири позиции на табелата и со 12 бодови се наоѓаат на солидното 9-то место во најсилната англиска лига.
OhridNews