Во Новата 2020 година, фудбалерите на Ливерпул продолжија во ист стил како и во втората половина од 2019 година кога ги газеа противниците. Жртва на стартот од 2020 година е Шефилд Јунајтед, кој од Енфилд си замина поразен со резултат 2-0 (1-0).
Избраниците на германскиот стручњак Јирген Клоп, победата ја најавија по само четири минути игра кога Мо Салах го отвори резултатот. Гледачите на Енфилд точно еден час чекаа за вториот погодок на своите миленици. Во 64-та минута Садио Мане го зголеми водството на домаќините.
Со триумфот и трите бодови, Ливерпул ја „набилда“ бодовната предност на 13 поени во однос на второпласираниот Лестер кој има меч повеќе.
Викендов во Премиер лигата има пауза, но на програмата се мечевите од ФА Купот.
OhridNews