Шефот на полицијата од кинеската провинција Сеучуан може да се пофали дека уапсил 48 членови од својата фамилија и тоа за различни казнени дела.
Шефот Лаобулало лично уапсил 25 роднини, голем дел му биле братучеди, роднини и членови на фамилијата од неговата сопруга.
Шефот на полицијата кој има 30 години е член на кинеското етничко малцинство Ји, а во својата 10 годишна кариера лично го уапсил неговиот брат и двајца роднини откако пијани го претепале локалниот учител. Некои други членови од фамилијата биле уаплсени откако на некоја жена и ја украле чантата.
Лојалноста на полицаецот кон професијата предизвикала бес во целата фамилија, а некои од нив им се заканувале на неговите родители.
„Во првите неколку години не се осмелував да се вратам во својот роден град за таму да ги поминам новогодишните празници, но сега се е во ред. Сите ме разбираат и подржуваат за тоа што го направив во тоа време“ – рекол Лаобулало.