Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 64 прекршоци за неносење лична заштита на лицето:Охрид-21, Струга-24, Кичево-18, Дебар-1.
На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. – информира СВР Охрид.
Во наведениот период полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 60 контроли во угостителски и други објекти.
OhridNews