Турската полиција, во главниот град Анкара, уапси околу 60 припадници на џихдистичката организација Исламска држава, еден месец по смртоносниот напад на новогодишната ноќ врз ноќниот клуб во Истанбул за кој одговорноста ја презема оваа ултрарадикална сунитска пренесуваат медиумите. Турската полиција во рамките на големата антитерористичка операција во неколку региони на земјата привела околу 400 лица, кои се осомничени за поврзаност со терористичката мрежа на Исламската држава.
Полициските операции биле спроведени во градон Шанлиурфа, во југоисточниот дел од земјата каде што биле уапсени 150 лица, како и во прпвинциите Адана, Коња, Чорум, Елазиг, Бурса итн. Уапсените во Анкара се претежно странски државјани, пренесува службената агенција Анадолу. Според изворите на агенцијата, операцијата била спроведена во анкарските квартови Синчан, Чубук, Енимахале и Мамак. Не се наведува дали приведените лица се поврзани со подготовка за напад. Како што беше објавено и претходно, Исламската држава планирала да изведе на новогодишната ноќ истовремен напад како и оној во Истанбул.
Во нападот во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ беа убиени 39 лица, претежно странски државјани, а одговорноста ја презема Исламската држава. За масакрот е обвинет Узбекот Абдулгадир Машарипов, кој беше уапсен по големата операција на 16-ти јануари.
OhridNews
извор Макфакс