Со полагање свежо цвеќе во спомен-паркот на револуцијата, денеска ќе продолжат чествувањата по повод  Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор – 7ми Ноември.

Шеесет и пет годишнината од ослободувањето,  Охрид, ќе ја одбележи со низа пригодни свечености и манифестации.

По тој повод на плоштадот “Св. Климет Охридски“ ќе се одржи музички хепенинг во организација на здружението „Рибари“, а во расадникот на ЈП „Охриски Комуналец“ свечено ќе биде предадена во употреба новата оранжерија.

Чествувањата ќе бидат заокружени со хуманитарниот концерт на маестро Симон Трпчески.