1.614 припадници на Армијата се ангажирани во гаснење на пожарите, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Бројката постојано се менува. Над 1000 пропадници секојдневно се во фаза на приправност, а во просек дневно помеѓу 250-400 војници целосна опрема, механизација и летала беа ставени на располагање на цивилните институции за да помогнат.  И практично ова е, како што рече, најголемата бројка на човечка сила која што се вклучи во гасењето на пожари.

Ангажирани беа и се уште се, сите капацитети на Армијата, човечкиот потенцијал и нашите воздухоплови за кои во ниту еден момент практично немаше простор за одмор. Ангажирани се пешадиски единици од Командата за операции, Првата бригада, специјалните сили и целосно беа ангажирани припадниците и воздухопловите на воздухопловниот ВИНГ. Буквално сите капацитети заедно со логистиката кои имаат знаење и умеење да се справуваат со огнените стихии, потенцира Шекеринска

650 тони вода биле исфрлени во повеќе од 80 прелети. Шеќеринска истакна дека трудот на припадниците на армијата заслижува највисока оценка и повалба. Министерката изрази благодарност за добиената помош од Словенија, Романија, Србија, Австрија и Бугарија и на сите учесници во гаснењето на пожарот. Министерката посочи дека според нивните информации постои сомнеж дека причини за еден дел од причините е човечки фактор.Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Стојко Пејовски информираше дека заклучно со вчерашниот ден реализирани се огромен број летови, како на домашните, така и на странските хеликоптери и авиони вклучени во гаснењето на пожарите, при што се исфрлени 850 тони вода.

Повеќе од 50 отсто од оваа реализација и 70 отсто припаѓа на нашите воздухоплови. Но, не е добро да работиме со конкретни бројки, имајќи предвид дека секој кој дошол тука да помогне при гасењето на пожарите, не дошол да ги мериме достигнувањата, рече тој истакнувајќи дека по барање на државата добивме помош и заеднички соработувале со сите учесници вклучени во гасењето на пожарите

Тој наведе дека денеска армиските хеликоптери се ангажирани на две локации со капацитети и сили потребни за локализирање и ставање под контрола на опожарените подрачја, додавајќи дека со исто темпо ќе продолжат и во наредните денови со цел ставање под контрола и гасење на сите опожарени региони.

Полковник Пејовски потенцира дека голем предизвик претставуваат и екстремно високите температури на воздухот што сега достигнуваат до 41 степени, но, како што нагласи, кога ќе влезете во воздухопловот таа температура се качува и до 60 степени.Тој предупреди дека не треба да се заборави и температурата над опожарените подрачја со пламените јазици, каде не може да се измери до кој степен достигнува, а воздухопловот се наоѓа точно над него при истурањето на водата. Според полковник Пејовски, широчината на најкритичните подрачја, конкретно на пијанечкиот регион, каде се Делчево, Пехчево и Берово е во широчина од 8 километри и 16 километри. Овој пожар, подвлече тој, во моментот е ставен под контрола и денеска по извршувањето на летачките активности на армиските хеликоптери. Има еден мал чад, истакна Пејовски, има единици на земја и веќе за тој пожар не се потребни ангажмани на хеликоптерските единици.
Армијата активно се вклучила во гаснење на  пожарите, на располагање имало 1000 луѓе, а ангажманот бил вкупно на 12 локации на цела територија на државата, претежно на непристапен терен зафатен со пожар.

Тој наведе дека секој ден во вечерните часови се преземаат мерки и активности во координација со оперативните побарувања пред донесување одлука за дејствување на терен од земја и воздух и се постапува кон нивно извршување врз основа на истакнатите побарувања и приоритети од ЦУК.

 

ОhridNews