Делото на Крсте Петков Мисирков, синоќа беше претставено во Центарот за култура Григор Прличев.
За големото значење на овој македонски деец и преродбеник зборуваше претседателот на фондацијата “Рамковски“ Георги Барбаровски, кој пред охриѓани ги изнесе историските факти за животот на една од најзначајните личности во македонската историја.
На промоцијата беше прокажан документарен филм за Мисирков, а актерот Славко Нинов интерпретираше фрагменти од делата на Крсте Петков Мисирков.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во име на општина Охрид на основачот на фондацијата бизнисменот Велија Рамковски му врачи благодарница за презентација на македонските историски вредности.
Рамковски од Охрид најави дека на 29 мај во Скопје ќе биде подигнат споменик на Крсте Петков Мисирков, а на свеченоста бесплатно ќе бидат поделени по 40.000 примероци од најзначајното дело на Мисирков “За Македонцките работи“ и од документарниот филм за големиот преродбеник.
Г. Момироски