Европскиот вицешампион Тотенхем ја извојува првата победа на Интернационалниот куп на шампиони триумфирајќи против италијанскиот првак Јувентус со 3-2 (1-0).

„Петлите“ имаа водство 1-0, а потоа негатива 2-1, но на крајот успеаја да го свртат резултатот во своја полза и да победат. За комплетен пресврт и победа реализираше капитенот Хери Кејн, кој мрежата на Војчеслав Шчезни ја погоди од половина терен. Водство 1-0 за Тотенхем донесе Ерик Ламела, а потоа следуваа два голови на Јувентус преку Гонзало Игуаин и Кристијано Роналдо. Лукас Мура изедначи на 2-2, а Кејн ги постави конечните 3-2.

На 24 јули во рамките од Интернационалниот куп на шампиони силите ќе ги одмерат Арсенал – Реал Мадрид, Баерн Минхен – Милан, Гвадалхара – Атлетико Мадрид и Јувентус – Интер.

OhridNews