Доделувањето на Оскарите ќе биде значаен настан за дизјанерката Викторија Бекам, иако таа сеуште не се пробала во филмската индустрија. Пред три години сопругата на фудбалерот Дејвид Бекам ја претставила својата прва колекција на модната седмица во Њујорк, а денес успеала да стане омилена дизајнерка на повеќе холивудски ѕвезди.


Шарлиз Терон, Камерон Диаз и Гвинет Палтроу веќе нарачале фустани за најгламурозната ноќ на годината, доделувањето на Оскарите. Како што пренесуваат светските медиуми, Викторија Бекам имала премногу работа, а побарувачката за нејзините креации никогаш не била поголема од сега.