Рајан Рејнолдс веќе неколку месеци е во врска со Шарлиз Терон. Иако за нивната врска веќе подолго се зборува во холивудските кругови, актерскиот пар е одлучен во намерата да ја задржи својата романса во тајност. Тој минатата година се разведе од Скарлет Јохансон, а Шарлиз пред една година ја прекинала својата врска со Стјуарт Таусенд.


Иако фотографите сеуште не успеале да ги фотографираат заедно, извор за странските медиуми изјавил дека го видел моторот на Рајан пре куќата на актерката уште пред неколку месеци. Куќата ја напуштиле одвоено, но само со неколку минути разлика.