Шарлиз Терон ќе ја игра главната улога во екранизацијата на романот “Dark Places” на авторката Џилијан Флин која се прославила со романот „Gone girl“, според кој е снимен и хит филмот со Бен Афлек Росамунд Пике.
Приказната во “Dark Places” е слична со драматичната семејна приказна на Шарлиз. Имено, мајката на јужноафриканската актерка во самоодрбрана пред очите на Шарлиз го застрелала нејзиниот пијан татко кој им се заканувал. Слична приказна се провлекува и низ филмот кој го режира Жил Пакет-Бренер. Покрај Шарлиз, во филмот ќе глуми и Кристина Хендрикс.