Оскаровката Шарлиз Терон била во центарот на вниманито на една плажа во Мајами, додека позирала во неколку бикини за моден едиторијал. Актерката својата кариера ја започнала токму како модел, па не и било тешко да се потсети на своите почетоци. Таа меѓу останатото носела и сребрено бикини, кое совршено и одговарало на нејината фигура.

Покажала дека им пркоси на годините, а сега повторно е среќна откако се впуштила во врска со Шон Пен. Оскаровката во повеќе наврати истакнала дека сјајно се чувствува во својата кожа и дека не и треба да има затегнато и мускулесто тело. На сетот бил и нејзиниот син Џексон, кој ја следел својата мајка во чекот, а додека актерката снимала, него го чувала дадилка.