Актерката Шарлиз Терон ужива на плажа во Малибу со саканиот Стјуарт Таунсенд и уште еднаш на сите им докажа дека за среќа не е потребен венчален лист.

Судејќи по насмевката која не ја симнува од своето лице, Шарлиз дефинитивно ужива во слободните моменти со Таунсенд.


Терон често ја прашуваат кога ќе се озакони нивната врска, а таа упорно одговара исто – дека нема намера да застане пред олтар и дека веќе се чувствува како да е во брак со „најсексапилниот маж на светот“.


„Сакам да се будам до него бидејќи го сакам тоа, а не бидејќи тоа ми го налага парче хартија“, изјавила актерката.